убав (прид.) - алишта (имн.)

Тие имаа само црни стада, а убави бели жени облечени во убави алишта, сѐ рачно изработени, косите собрани во пунџи, до нив малите деца и ги водеа коњите покриени со тие нивни познати јамболии.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Има убави алишта, не можам да кажам дека нема.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но понекогаш, кога ќе се облече, долу зелено, горе сино, црни чевли и бел мантил, баш ми доаѓа да ѝ кажам дека не ѝ одговараат боите што ги наставала врз себе, ама не ѝ велам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Толку се беше изменила во изгледот. Не само заради убавите алишта, фризурата.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)