убав (прид.) - жена (имн.)

На убавата мермер чешма, во Варош-маалото, каде што беше куќата на Никола Делчев, една млада убава жена, ја пренесе новината: „Султана на Никола родила машко дете.“ - Нека ѝ е живо! - рече една.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Значи, не е само да служи. Ако било така, тогаш зошто бараш убава жена, а не само силна, и цветот зошто ти е убав, сигурно не само зашто врзува плод...“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Нема здодевност со убави жени“ - тоа е геслото на „Вапенхоф“, Влезот е бесплатен, но затоа гардеробата е задолжителна и таа се наплатува како двојна влезница.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
ЛИЦА ЧОРБАЏИ ДИМО МАНОИЛ, негов син ТЕМЈАНА, жена на Маноил ДУХОТ НА СЛОБОДАТА, убава жена БАБА ЛЕНКА, стројничка ТОДОР, слуга ВЕТА, слугинка Гости, мажи, жени, девојки, едно дете и други Дејствието се случува во куќата на чорбаџи Димо, вечерта на 20 јули 1903 година во град Крушево-Македонија*)
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Малото шаховско поприште му откриваше широк пат во животот, го одведе еднаш и во странство, и веќе опипливи му се чинеа мечтаењата за светски турнири и турнеи, за гостувања кај шаховски снобови - бразилијански владетели на плантажи или баснословно богати махараџи, во дворците на кои убави жени, покриени само со проѕирен превез, ги извиваат своите тела во танци при ноќен водоскок, а оние црни очи им горат, им светкаат.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
•Најдобрите личности во филмот се споредните улоги, судијата, Чарлс Лотон, и неговата жена, Етел Баримор.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Гладен ли е човек кога крај себе има така убава женичка и тоа сам со неа, во засурмена куќа, каде никој не може да влезе?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Понекогаш квечерум чистачот на чевли од Plaza de Armas седнат пред портата на својата розова куќичка под огромниот крст на врв рид ќе фрли поглед на параглајдерите над Мирафлорес - колку да им довикне на аздисаните туристи и авантуристи дека сѐ што лета не е кондор, ќе фрли поглед чистачот на чевли и кон сурферите кај Баранко - колку да им довикне на јавачите врз сопствените мечти дека баш во Баранко опирањето на застоеноста на живеачката се правеше со вина, песни и убави жени, а не со некакви пластични секачи на морските бранови.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Не бев многу кроток... само неговата убава жена која успеваше да ме маѓепса по малку, ќе можеше можеби да ме припитоми...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Добро знаеше што значи кога остана сама млада и убава жена која на секој чекор среќава страсни погледи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тој ја удри по главата и рече, „Еве ви нешто што ќе ви даде причина за плач“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
11. На една Ескимка која ниту зборувала ниту разбирала англиски еднаш ѝ бил понуден платен пат до САД и 500 долари за да ги следи сандаците со починатите за Америка, каде требаше да се изврши погребот. Таа ја прифати понудата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
9. Гуанг Зи истакнува дека убавата жена која им дава задоволство на мажите, кога ќе скокне во вода, служи само за плашење на рибите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А и самите учеснички на натпреварот ќе се однесуваат не како грди туку како - алтернативно убави жени.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И му се присторува само сенката на убавата жена Некогаш што си потпевнуваше во дворот Тој дури ги окопуваше овошките.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Пензионерот потстанува да ја поздрави убавата жена што минува крај него, со внучката.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
На судење, адвокатот ја брани обвинетата... Таа е убава жена, со донемајкаде тажно лице, не е виновна!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Јас носам маска. Утре ќе ми дојде ревизија и сите ќе дознаат дека само имам маска!..“ *
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Го земаш она што го има секоја убава жена...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„Ти си млада, убава жена, немој да останеш сама“... е, децата ќе пораснеле, ќе одлетале секое по својот пат, „а ти сама меѓу четири ѕида, еден муабет ќе немаш со кого да направиш“. И сѐ така.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Како, бре, Уља е убава жена, му велам, да не си од нешто уплашен, го прашувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Со љубопитност застана покрај излог од еден дуќан да ја погледне сликата, на којашто беше претставена една убава жена, која си го симнуваше чевелот, разголувајќи ја притоа целата нога, исто така совршено убава; а зад нејзиниот грб, од вратата од друга соба, си ја подаваше главата некој маж со бакенбарди и убава шилеста брадичка под усната.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Рече дека има убава жена, скап автомобил, а наскоро и убава куќа, и затоа сите му завидуваат.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Марија беше убава жена: имаше привлечно лице со блага насмевка со која ги откриваше бисерните заби, кои, се чинеше, повеќе ѝ служат како украс, отколку за јадење.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Атина беше убава жена, но судбината не беше баш блага со нејзе: многу млада остана вдовица и со синот повторно живееше кај родителите.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
И по тоа кој каква одбра, во институтот за брак, утврдија дека: убавите луѓе одбраа убави жени; грдите луѓе - грди; дебелите луѓе дебели жени; слабите луѓе - слаби жени...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Кога Карло раскажува, тоа е како да те милува убава жена: топло, меко, тивко, заводливо...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Холивуд - убавите жени чекаат на нас. Сјај и беда!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Тркалата се прибижуваат. Ја качуваат на возилото убавата жена, додека извикува: - Водете ме! Водете ме кон новото утре...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Понатаму: ако си ти на дедо ти, судејќи според тебе, тогаш тој сигурно имал око за убава жена.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Искрено ја љубеше таа отвореност на гласовите и просториите, разголеноста на убавите жени, самодопадливоста на мажите.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Ми вели: Ех, мори Ристено, колку убава жена си и вредна и чесна, ама без среќа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Богохулно, грешно и без срам сека вечер мислам покрај Сена: што би сторил да е Notre Dam чудом млада и убава жена?
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)