убав (прид.) - име (имн.)

Тој е навистина познат и славен, а на славните им требаат убави имиња, но Фигаро беше од оние што не обрнуваа внимание на тоа.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Убаво име, - повторно низ насмев му одврати Рада, која уште со првиот чекор ја покажуваше својата супериорност, доминацијата да владее со состојбата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Како се викаш? СВЕТЛЕ: Светле. АНДРЕЈА: Убаво име.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
- А, Мимоза. Какво убаво име. Токму ви прилега.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Си имаше оваа валта и убаво име, Заветна, измислено некогаш одамна, од некои далечни Бојанови предци.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)