убав (прид.) - книга (имн.)

Ретко ќе се чуе некој да се фали како прочитал убава книга, како скопал голема леа, како помогнал дома, како одморот си го поминал во Душегубица, Блатец, Теарце, Трново, Наколец или некое друго македонско село, кај дедо и баба, кај стрико и стрина.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Горјан извади од кожната торбичка една шарена книга, му ја даде и рече: - Тоа е многу убава книга.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Потоа пак зачекоривме по ходникот назад, па стигнавме до трпезаријата. „Еве овде јадеме.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Среќен сум што прочитав една убава книга за нашиот мил Балкан.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Ова е библиотеката. Гледаш - малечка е, ама има убави книги, и доволни се и за оние што ќе останат овде до крајот на животот.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Да ви речам само уште толку, дека денес кај нас се печатат многу убави книги, многу поубави одошто во моето детство.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)