убав (прид.) - коњ (имн.)

Влегол во затворот и разговарал со комитите, кои се в затвор...“
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тој имаше убав коњ, ама јавачот не беше добар, затоа се направив дека не ги слушам дофрлањата, за да не го посрамам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Пајтонџијата ги потера убавите коњи. Прапорците заѕвецкаа: - Ждранг-ждрунг! Ждранг-ждрунг!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Двата коња, под товарот на преполнетите догоре вреќи ориз, одвај одеа по патот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Потем тој ги бришеше уште неколкуте слики, на кои беа насликани убави коњи, што висеа пониско на другиот ѕид.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тие често се запираа, во групи од по два-тројца, пред некој убав коњ, вол, бик и го прашуваа пазачот чиј е, и колку пари му бара чорбаџијата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
На убави коњи ќе дојаваат до брегот на Езерото, до лотките во шамракот скриени.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
КИРАЏИЈАТА СО ОРИЗ И СРЕДБА НА ДРУМОТ Еден ден, по патот, кој води од Прилеп за Битола, одеше кираџија и пред него тераше два убави коња.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)