убав (прид.) - лице (имн.)

Главниот инженер, млад човек, висок, со долгнавесто убаво лице, само се насмевна и не рече ништо.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Почнав поцелосно да ги осознавам девојките. Тие веќе не беа само мили и убави лица на мама.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Знаеш што е давија? - Не знам, баба Цвето. - Тужба.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Металната врата наполно се затвора, но тој, низ прозорчето на скафандерот, може да го види, малку затемнето, твоето загрижено убаво лице.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Убаво лице имаше санџак-бегот, пријатно.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И таа негова смиреност, што не беше нималку слична на неговото однесување кога порано се гледаа во присуство на Атиџе, и таа го издаваше бегот: знаеше тој, знаеше зошто се тие тука, и бидејќи се беше обезбедил, покажуваше сега расположение што не му доликуваше на неговото убаво лице.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Зошто, бре, да ви е страв? Од кого?“ се вѕира во везачките, во нивните убави лица, во нивните гради и издивнуваа: „Ах, мајко моја...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И токму сака да се провери ако ништо друго дали барем е тука благата жена која сигурно знае веќе колку пати поминувале од тука, кога ќе ја стресе еден пријатен, мил глас Ќерко мори златна со денови сноваш по уличкава, нема неделен ден а ти да не поминеш, што мака ти тежи, каква болка ти се свила во срцето та што ти го подгорела тоа убаво лице?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ноќта бргу падна, сијалиците го заменија сонцето во одајките и додека вечераа во кујната, со нурнат поглед во чинијата со манџа Пелагија го откри Егеецот Димостен, Влав од селата на Кожув Планина, човекот со дрвената нога, со убавото лице, со благиот глас, со косата што паѓа врз очите, рече додека тој се биел против фашистите со партизаните, го запалиле неговото село, со другите куќи изгорела и неговата куќа, ама во неговата куќа била неговата жена и деца и оти далеку во други планини со бојови зафатен за несреќата дознава дури кога и тој останал без една нога а се лекувал тука близу Скопје, во партизанската болница Катланово.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Пред мене за прв пат се појави убавото лице на војникот кој не посегна по мојата чест!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Студено го мереше неговото долго, некогаш убаво лице.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Види сѐ! Што гледаш! Твоето младо, убаво лице?
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Убавото лице на Еразмо попушти пред болката, пред стравот кој силно го чувствуваше.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Во ходникот ја очекува лакеј во униформа, на улицата пар вранци и санки со мечкино крзно...
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Задоволното убаво лице и мебелот велат: „Јас сум среќна и богата“. Но, не верувајте, читателу!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)