убав (прид.) - место (имн.)

Навистина убаво место. И климата е пријатна.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Турнирите се држат обично по летувалиштата или бањи, по убави места што изненадуваат со својата свежест и пријатност, како и со едно концентрисано животно обилие, на кое и младиот шаховски избраник почнува некако внатрешно да полага право, иако допирот до него му го обезбедуваат туѓи средства.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Првин во паркот. Убаво место. Високи дрвја, чисти патеки и многу ружи.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Ете, тоа е Кукуш! - рече Грујо. - Убаво место, - одговори момчето. - Не само убаво, но и плодно - дополни Грујо.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Од тој ден, секогаш кога се возиме некаде, Весна постојано гледа низ прозорецот на автомобилот и бара убаво место, со убава вода каде ќе изградиме чешма за жедните.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Па сепак, ограничениот луксуз што го ужива тој - неговиот голем стан на убаво место, поквалитетниот текстил на неговата облека, подобриот квалитет на неговата храна, пијалак и тутун, неговите двајца или тројца прислужници, неговиот приватен автомобил или хеликоптер - го ставаат во свет различен од оној на еден член на Надворешната партија, а членовите на Надворешната партија уживаат слични предности во споредба со угнетените маси што ние ги нарекуваме „ пролови“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сѐ на сѐ веќе три пати го посетив Западот. Ми се причини убаво место за живеење.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- На многу убаво место е никнато дрвцето, добра сенка ќе држи, за мила убавина, - мечтаеше стариот. - Како мислиш, Стојче, да го калемиш?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)