убав (прид.) - нешто (имн.)

Јас не сум дел од оваа, сега ќе станам дел од една нова година. ќе станам сведок на нови настани, нови сознанија и многу убави нешта.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ми ги одзеде сите убави нешта, скривалиштето од бродот што потонал...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Тие мислеле дека таквите убави нешта, како впрочем и лошите, може да му се случат секому, ако се нацрта на вистинското место во вистински час.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ти си ги запомнил сите убави нешта, а си ги заборавил грдите и лошите.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ако сите убави нешта умреле во тебе, ти имаш повеќе умирања отколку раѓања: однатре во суштина си повеќе мртов отколку жив.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Досегни го во ветрот досегни го во болот на корењето на убавите нешта пред да ти проговори со говорот на инсектите што го тркалаат над ружите својот облак.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)