убав (прид.) - порта (имн.)

Едни заминаа во градовите и во европејските престолнини за таму да се изучат, други властите насила ги одведоа и ги потоманија во затворите, трети од своја смрт си умреа, та така и гробиштата на Рамник на Горник се изменија - уште повеќе се намножија, станаа ѕидани, одозгора добија мермерни или обични покривни плочи и камени крстови со врежани имиња на покојниците, а околу наоколу висок ѕидсо убава порта од северна страна, односно тогаш од кај местото обележано за црква.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)