убав (прид.) - почеток (имн.)

Болката ја складирав длабоко во темните одаи на душата.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не ни е недостижно тоа тиркизно небо, ново изгрејсонце, бакнеж со вкус на малина, хоризонт со боја на циклама, ново заљубување и надеж за убав почеток.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Животот ме научи дека љубовта е триптих составен од три дела кои градат целина, сакање, почитување и разбирање.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сакав целата болка и тага да ја преточам во приказна со убав почеток, а за крај тајните на мојава некогаш блага душа ќе ги преточам во тажачка.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)