убав (прид.) - приказна (имн.)

- Дедо, раскажи ми една убава приказна, - замоли Васко. Дедо Спасе како да не го слушна.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Сакам убави приказни. Знам, омилена бајка ми беше за малата сирена. Се поистоветував со неа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Знае ли тој господин дека постои една убава приказна наречена библија.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Неговото присуство во нејзиниот живот личеше по малку на настаните од приказните. Од убавите приказни.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Сакаш да ти раскажам некоја убава приказна?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Таму тој остана сѐ дотогаш додека учителката не го заврши раскажувањето на убавата приказна што ја имаше подготвено денес за децата.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Зошто да се лишам од толку убави приказни? * Запис пронајден во стапица за глувци РЕД* Во мојот дом сè мора да се наоѓа на своето место.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Тоа е исто како кога ќе сонуваш некоја убава песна, некоја убава приказна или пак цела симфониска композиција.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Влетав во кујната во исто време со Александар. Тој беше сиот црвен.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога Евто заврши, Трајче рече: - Многу убава приказна.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)