убав (прид.) - распоред (имн.)

И убав распоред имаат овие големи трговци.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тогаш помислувам, а без страв – паднатото лисје, дождовите, малиот парк, Градот – тоа се случува вон, надвор од мене, и молчењето на ова старо дрво за кое нема пролет што би ја чекало – и тоа е само слика наречена „затомена болка“ или „плашлива смрт“, сепак само платно со убав распоред на облиците и боите.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)