убав (прид.) - свет (имн.)

И, се разбира, не можеме да имаме убав свет ако не се бориме против сите зла што ни го грдат животот.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
- Луѓето сакаат да остават на овој убав свет нешто што ќе трае повеќе од нив, нешто што ќе им служи на другите луѓе.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Просто, му се раздроби и ќе му препукнеше до колку не праша: - Целиот бел север го испросанкав, многу видов и превидов, ама ваков панаѓур, волку убав свет, не сум видел ни насоне.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Возовите одеа негде, по сјајните шини од главниот колосек, ги поврзуваа далечините и убавините на овој убав свет.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)