убав (прид.) - слика (имн.)

Се вративме назад, со мисли скромни и убави слики на прекрасно Мавровско Езеро зеленосино, портокалови брегови од камења среберни со златни нишки, од тишина врева и ретки лица, вртипоп на брегот под камења тешки, и мирис на селски живот и смеа, недрата на Галичник, спокојно изведени.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
- Не заборавај да дојдеш на тој ден, Бојанчо - со жал ги збриша старецот убавите слики од тој иден ден, па ја зеде машата и ги отпрета компирите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Изработуваше убави слики трошејќи многу време во местење на тој што го слика и во местење на апаратот покривајќи се и отскривајќи се со црното перде преку главата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)