убав (прид.) - дрвен (прид.)

Ако човек добро поразмисли за нив, за Виданови Извори, не може да не ги спореди со садови со врзано дно.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но откако Видан јанчески, откако се насели таму, ги огради со убава дрвена ограда и на оградата стави вратниче со нажапчување, ги завикаа Виданови Извори.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Со високи ѕидови и убава дрвена орнаментирана порта низ која се влегуваше во дворот, пред големата сино обоена куќа во едноставен француски стил на три спрата.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Лево и десно убави дрвени бунгалови и меѓу нив пат што води кон хотелот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)