убав (прид.) - летен (прид.)

Колку нежен и исцелувачки ветер, што ја избриша пајажината од нејзините очи, ја растера замаглената нејаснотија, која беше ѝ го замаглила убавиот летен свет, и беше ги направила бавчите да пулсираат со интензитет на живост, што тоа не можеше да го слушне.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Убавата летна вечер им го правеше животот весел и тие знаеја да ја исползуваат и својата висока општествена положба, и убавата јасна летна вечер, осветлена од полната месечина, украсена со смевот и кикотот на убавите старавински моми, насобрани на чешмата пред кулата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И така осамна убав летен ден со сите свои убавини и лошотии, во кој витоливци извадија сноп.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Одминаа убавите летни денови. Венат тревите, жолтеат лисјата.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Значи, се враќам на настанот во дворот, таа убава летна ноќ.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
И замолкнаа старецот и детето, се преселија за малку во мислите во тој иден, убав летен ден, кога планината ќе биде најубава, кога ќе биде украсена со сите бои на ѕуницата, озвучена од грлата на сите птици и позлатена со сончевина.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Денес е убав летен ден. Во селото во кое се наоѓа нашата бригада има многу овоштарници со круши и јаболка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)