убав (прид.) - млад (прид.)

Поседе мирен една две недели, се понајаде, понапи од Трајковата ракиичка и винце во пријатно расположение со убава млада руса невеста, го дочека по вторпат Трајка од колибата, пак заедно се нагостија и напија, та дури цела ока канатларски тутун му даде да си понесе кога тргна пак на колибата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Та што има поарно од тоа: зимно време да ти е погодена работичката, да ти е осигурен лебецот, меќанот, постелата со убава млада руса невеста?“ — си мислеше Толе кога го слушаше Митриниот предлог.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во канцеларијата пред онаа на претседателот, ја дочека насмеано лице на убава млада секретарка. Облечена со вкус и нашминкана.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Убав млад човек, непознат другоселец, ја разделува од другачката, ја зема нејзината мала рака.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Пак се наготвија мазници, кокошки, алви кај Велика Спасевска; пак се изнапија сите топла ракија, служена од убава млада невеста; пак ги протепа бешивци и полчивци и ги пушти да си одат дома и да печалат, кога ќе дојде на есен да платат, ако не сакаат да ги продаде сосе деца.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На поголемата, на која се гледаше убава млада жена на чии колена седеше момче, пишуваше: “На нашиот Тато со желби брзо да ни се врати.”
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)