убав (прид.) - планински (прид.)

Сигурна е богата пљачка, убави планински моми и здрави деца за јаничари. Затоа сите во еден глас извикаа: – Согласни сме – честити кадија, согласни, само – ти напред! ***
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Замислете си една таква личност која одеднаш, по некое чудо, прогледува и почнува да слуша, кога сонцето изгрева над убав планински гребен, на чисто сино небо, и кога јаболкниците се во полн цут.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И додека на екранот се појавуваа убавите планински пејсажи на пелистерските планински височини, спикерот заклучуваше: Ако сте тргнале на одмор или планирате одмор, не заборавајте дека во светот постои вакво убаво катче за одмор и толку гостољубиви луѓе, кои денес можат да се сретнат во приказните...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сега не беше младич, но она ластарестото сѐ уште ја оптегнуваше неговата тенка, пегава става во излитена англиска блуза со боја на пожолтени дабови лисја, а Змејко немаше време да направи ниеден чекор кон таму, кога оној веќе стоеше до него, во средината на таа група крај колите и тие си ги тресеа рацете еден на друг со онаа наеднаш повторно родена жестокост, која сѐ повеќе растеше и стануваше пак дива и разврескана во нив, продолжувајќи сето време да се потчукнуваат по рамената, уште пожестоко, а денот дури сега навлезе во неговите очи и го заслепи, просто го исполни сиот, така што тој сега речиси сети како е тесен во себе за да го прими тој убав планински ден наоколу, додека некој од селаните крај него рече: „Змејко е печен, вечер се запишува в Задруга“, а тоа сега воопшто не беше важно, беше толку далечно од него, како да било во еден сосема подруг живот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)