убав (прид.) - пролетен (прид.)

Еден убав пролетен ден во трамвајот број 19 во Прага првпат ми се случи еден младич љубезно да стане и да ми направи место за седење.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
И ќе го сочував ли, ако не беше љубезното момче, тој убав пролетен ден во Прага за спомен и за долго сеќавање?
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Осамна убав пролетен ден. Снегот веќе се собра по врвовите на високите ридишта и како да стенкаше под топлината.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе му го реча в очи и ќе си замина, — си донесе Толе решение и го зеде Трајка со него, та еден убав пролетен априлски ден, по канал, пак преку Врпско, прејде во Гудјаково, а оттаму преку Никулица отиде во Вепрчани.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе на лице се убеди дека и „дедот" Петре си има посестримка, иако не ја води како него со четата, та се ослобди од таа страна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
1. Сонцето веќе беше искочено високо над Перун и почна да припечува над главите на аргатките во оградите и нивите на Демовци, Селимовци, Мерсиновци, Адемовци, Гола Сабја, Маџаровци и другите турски чифлизи во Крушевица кога, во еден од убавите пролетни дни на илјада осумстотини осумдесет и... година, се вратија од полето Јован Пантовски и Адем Маџаровски и се качија на маџаровската кула.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но таа помина пред Боцевата берберница во едно убаво пролетно утро, со ведро крената глава, и Соколе веднаш почувствува дека е свршено со мирното созерцавање и дека отсега ќе ја чека само неа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Само во куќата на Попставревци како да не му се радуваа на овој убав пролетен ден...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Велиш: еден ден, еден убав пролетен ден... И така сѐ додека не напишеш една добра, и скусена, обична и скромна љубовна песна.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Штом ќе почнеа убавите пролетни денови, ширинката околу крушата се полнеше со деца.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Бил убав пролетен ден, 6 мај 1906 година.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
- Колку убав пролетен ден, луѓе божји, велеа жените, колку убав ден поминува низ полето!״.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Затоа, нека ми простат сите автори, кои не ги споменав (а ги има, бројни се), не само поети сатиричари, но и драматурзи сатиричари.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Да се надеваме, еден убав пролетен ден ќе се сретнеме и со нив.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)