убав (прид.) - сончев (прид.)

Да, можам точно да објаснам: се однесуваше како ние учениците на здодевен час, кога наставничката предава, надвор е пролет, убав сончев ден, се слушаат весели детски гласови во дворот, а нам не ни е умот на часот, туку некаде надвор, во игрите, па наставничката, откако ќе го забележи тоа, ќе рече: „Ама, не сте тука, а?“
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во Мајнц - во трговскиот центар Беше убав сончев ден, кога решивме да се вратиме во Франкфурт.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На еден балкон излезе бледа, пргава старица со запрегнати ракави.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А и што би можело да ги стивне сега децата, штом во дворот се смее убав сончев ден?
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Имав слободен ден од работа. Станав среќна и весела. Беше убав сончев ден.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Но најмногу ги сакавме убавите сончеви летни денови и свежи вечери.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Мечтае како еден убав сончев ден ќе го најде некое мило детенце и ќе си го присвои.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Да, но ќе дојде ден кога ќе светне среќата наша како убав сончев ден и тога ние ќе бидеме најсреќните на оваа земја.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Се помни, не дека не се помни, дека на градскиот плоштад на времето имало скулптури од чисто злато на сите билки и животни од крајот и дека тие тешки таман колку што може да тежи златото еден убав сончев ден колективно отпловиле преку којзнае колку мориња да го пренесат сјајот на конквистадорите на кои кога ќе се врателе дома мајките им викале: златни на мајка!
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Распавтувајќи го ситното облаче кондорот се потсетува на уката од пилиштарско време - зад секое облаче се крие сончев ден а само кога е убав сончев ден убаво и се гледа дали долу има некој доброволец да биде кркнат за појадок.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Само кога е убав сончев ден убаво се слуша и небескиот ѕвон – последниот отпоздрав на јагнето со ѕвонче околу вратот коешто кондорот го повел на куса прошетка низ вселената, од поблизу да ги види ѕвездите пред да си ја изврши редовната утринска служба научно наречена чешање на мешината по спаструвањето на внатрешноста на телото.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)