убав (прид.) - убав (прид.)

Па почнувавме со зеленото креденче кое од предсобјето во Мичурин се пресели на балконот во Кисела Вода, па му се загуби трагата при преселбата во Јане Сандански.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Денот помина вообичаено, со кафе, појадок и ручек, и со долги разговори на Пела со Мурџо во кои таа му кажуваше како стигнале до училиштето, за големиот број на дечиња како неа сите фатени за рацете од мајките и за големата училница со три реда клупи и во секоја клупа по две дечиња, Учителката убава убава убава, ти велам, и гласот мек, топол, како на баба Перса и на мама Пелагија, а мене ми личи на Богородица од црквата преку големата река!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
-Каков играорец беше дедо ти Борис... убав убав ...строен, раскажуваше една роднина на баба ми, што му била прва свршеница на дедо ми.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)