угнетувачки (прид.) - стереотип (имн.)

На крајот на краиштата, не можете да го надминете општественото оцрнување само преку извртување на поимите, така што ќе се обидувате негативните слики да ги заменувате со позитивни.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На пример, штом угледниот, достоинствен и способен лик на „силната“ жена, толку сакана од феминизмот, ќе се пресели во Холивуд, веднаш станува или невозможен, недостижен урнек (Чарлиевите ангели: до даска, од 2003 година) или неженствено чудовиште што жедува за моќ, кастрира и гладува за љубов (Фатална привлечност, од 1987 година).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но има извесна мудрост во прифаќањето на обезмоќеноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како што досега имал многу можности да види секој што го одживеал вториот бран на феминизмот, секоја наводно позитивна слика за жените која се обиделе да ја промовираат феминистките, нашето општество бргу ја преуредува во навредлив и угнетувачки стереотип.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)