удрен (прид.) - око (имн.)

Оној Исус не напаѓаше луѓе и само сакаше да запали куќа за да го изгори сотоната. „Курвино семе“, а само малку пред тоа држеше влажна крпа врз удреното око и, гледајќи се во напукнатото огледало на сивиот ѕид, мислеше на сѐ што мисли здрав човек.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И, удрен очи в очи со сета морничава пустош на сѐ околу него, изврзан и распнат, тој сега почна да вика, да завива, врескаше нешто од својата бука, довикнуваше некому нешто, надвикнувајќи сè друго во себе, се одѕиваше на секое ново далечно завивање, го бркаше од под себе оној парталав влечко, укаше, пцуејќи ја неговата зачеканост, повикувајќи го на некаков мегдан, разговарајќи со него, сѐ додека виковите, тие негови високи завивања без смисол, не се престорија во еден преоптегнат, болен напор, во кој беше многу тешко да се достои.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)