украсен (прид.) - хартија (имн.)

Штотуку го отвори учебникот, сѐ уште педантно завиткан со украсната хартија, со која мајка му имаше обичај да ги завиткува неговите книги, почувствува туѓо присуство зад неговата глава.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Ти носам подарок – од под креветот вади пакетче во украсна хартија, обвиткано со тенка, црвена врпца.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
В стоеше до новогодишната елка и со неверување гледаше во пакетчето завиткано во украсна хартија.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Најдобри се секогаш оние со кутиите замотани со украсна хартија, во која има сервис за ручање или кафепиење, или, ако е поблизок роднината, двете во едно, па ја спушта до нозете, точно пред старите чевли кои не ги сменил од едноставна причина што парите отишле за бакшишот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во пакетот, покрај писмото,соленките, слатките, храната и облеката ќе најдеш нешто завиткано во украсна хартија.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Младата продавачка, речиси софистицирани со набеленото лице и црниот, припиен фустан, ми ги завива во украсна хартија писмата на Ван Гог до братот, расказите на Бруно Шулц, Вејтсовиот „Џокеј полн со бурбон“ и книгата со патетичен наслов „Предсмртна љубовна песна“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
За да ја испревари во прашањето, Грдан ја извлече рака од зад грб и ѝ подаде нешто завиткано во украсна хартија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)