умен (прид.) - дете (имн.)

Во петто одделение има многу материјал по аритметика и геометрија", пак лажев.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Умен, мајкин“, ме погали мама. „Многу ме радува дека и другарите ти се умни деца. Од вас ќе станат чесни луѓе.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Наставникот вели дека секој ден треба да вежбаме.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Се собираат некои умни деца од гимназијата и други млади луѓе зад германските гробишта.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Уште од своите четиринаесет – петнаесет години заоде овчар на глава и тоа молзничар. Му завидуваа селаните на Трајко Сирмев со добро и умно дете.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)