урбан (прид.) - средина (имн.)

Во оваа урбана средина корпорацијата веќе ви има обезбедено стан и дури, следејќи ја традицијата на својата висока корпорациска култура, го уредила така што тој ги содржи сите естетски и функционални вредности по кои фирмата е позната.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Камилски најпрвин ги извлече од речниците заемките за означување поголеми или помали градови како: касаба (со потекло од арапски, casaba), заемка присутна во сите балкански јазици); паланка (од унгарско потекло во турскиот).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски потоа утврди дека од урбаните средини влијанието се распространува и во руралните предели каде што турските лексички елементи ќе влегуваат од втора рака, но и натаму дури и до денешни дни ќе се чувствува нивното присуство и влијание.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)