успешен (прид.) - мисија (имн.)

Вратениот дипломат, доколку имал успешна мисија, станува незаменлив експерт за земјата кај што служел, регионот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во повеќе земји со развиена дипломатија на враќање од мисија му се придава и поголемо значење отколку на заминувањето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но не сакаше по никоја цена да го прекинува својот пријател да говори за неговата успешна мисија во Париз: Не е за верување, ама штотуку стапнав на улицата Monsieur le Prince, за која многупати ти зборував, се најдов, пред книжарницата за Источна литература основана од славниот Ерменец Хрант Самуелиан, уште од 1931 година, а сега водена од синот Армен и ќерката Алис.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сојузниот, откако испи од вискито и млекото, со одмерен тон продолжи, помина на главното на вообичената средба: Вие, амбасадоре, имавте успешна мисија во Тунис.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во младоста пиев само виски. Како и вие сега. На здравје!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)