училиштен (прид.) - зграда (имн.)

Така успеа, по неколку години, да изгради најубава и најголема училишна зграда во гратчето...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во еден момент таа скршна зад училишната зграда.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Едо погледна во разводникот и бидејќи разводникот не покажа знак на спротивставување, Едо тргна кон милиционерот на влезот од училишната зграда.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога, откако убаво се раздени, на ова место му дојде смената, тамам тргна да се враќа кај другарите кои не беа на должност, од влезот на училишната зграда излезе еден милиционер.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Но бидејќи полека се навикнуваше на мракот, со двете раце се држеше за ременот од пушката што му беше обесена на рамо, главата ведната и мислите или во гаражата на мајсторот Ратко или на корзо каде што во Охрид беа девојките, тој просто полека, нога за нога, шеташе од аголот на училишната зграда до попречениот ѕид обраснат во капини и назад.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Уште пред да ја отворам големата железна врата, забележав дака на широчината пред училишната зграда со безброј прозорци го нема зелениот автомат од кој, кога ќе се пуштеше метален динар, ќе излезеше убаво спакувано чоколадо.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
„Е, гледаш! И јас знам во која училница се премести учителката Милица“ - рече тетка Стана, ја фати за рака, ја поведе во училишната зграда, ја водеше долж ходникот - сѐ до шестата врата.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Дури и ме убедува дека би можел да ме зачлени во подмладокот на спортското друштво “Вардар“.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
ГОРЧЛИВА ЧОКОЛАДА
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
На големиот одмор Љупчо ми даде 50 динари и ме прати до самопослуга да му купам дваесет чоколади - животинско царство.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Кошаркарскиот подмладок тренира во сабота претпладне на теренот зад училишната зграда.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Не бараат висина и затоа би требало да се определам за фудбал или за ракомет.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тоа го сторив трчаница. Ме чекаа зад училишната зграда.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Потоа влегуваа во училишната зграда.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Пред училишната зграда веќе ги очекуваа - директорот Миле и членовите на еколошката секција.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Архитектите стручно ги проектираат современите училишни згради.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Треба да соработуваме. Предлагам, додека не фатила жештина да појдеме и да ја разгледаме младата шума“, предложи директорот Миле и се упатија кон благата падина зад училишната зграда.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
И џагорот стивнува, и в миг се групираат по одделенија, и влегуваат во училишната зграда, низ скалила, низ ходници - се рапределуваат секое одделение во сопствена училница.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)