училиштен (прид.) - торба (имн.)

Ми остануваше да се радувам ноќе, кога само што ќе ги затворев очите, во сонот брзав со училишна торба за да не задоцнам на училиште, но кога ќе се разбудев ме фаќаше некоја тага, болка, излез немаше.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Еве ја повторно тетка ми Ана: - Тато рече веднаш да си влегла дома, да си ги наместиме фиоките и да си ги подготвиме училишните торби за утре, па во кревет – вели и застанува со нас.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ќе дојдам – ѝ се обраќа мајка ми – оди сега, не пречи ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)