училиштен (прид.) - чанта (имн.)

Но, во зимските вечери на неговото детство, шпоретот на дрва весело потпукнуваше, а мајка му исто така весело си потпевнуваше народни песни додека му ги редеше книгите во училишната чанта.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога се готвеа за селење внимателно ја завитка во мека хартија, ја кладе во училишната чанта - и еве, ја зачува цела.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Мама Злата треперливо учевствуваше во сите паради: изложба на учебници и тетратки, редење на чантата - се разбира со ликот на малата Индијанка POHAHONTAS - тоа пишува на англиски, а на македонски се чита ПОКАХОНТАС - се прчеше Мими чекорејќи низ станот со училишната чанта на плеќи.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Благица влезе во собата да си ја остави училишната чанта и застана збунето. Ѝ се стори дека нешто живо мрдна крај радијаторот.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)