февруарски (прид.) - поход (имн.)

Своите импресии од Февруарскиот поход ги изнел во бригадниот весник „Народен војник“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во периодот од 25 април до 19 јуни 1944 окупаторските воени единици презеле низа офанзивни акции во реонот на Поморавјето и во Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Овде поминале за првпат, во февруари 1943 година. Во Февруарскиот поход, знаеш.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
По завршувањето на операциите во февруарскиот поход уследиле низа значајни акции од страна на единиците НОВ и ПО на Македонија врз чувствителните точки на окупаторот низ цела Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во Февруарскиот поход добила задача да дејствува во Тиквеш и реонот на Гевгелија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во февруарскиот поход учествувале: Првата македонско-косовска ударна бригада, требало да дејствува во централниот дел на Македонија, задржувајќи се притоа на територијата на Азот и Порече со задача да ја разгори НОБ во тој крај.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)