фронтовски (прид.) - линија (имн.)

Фронтовската линија од Охрид до Орфанскиот залив ја делел Македонија на две зони: јужната ја држеле силите на Антантата, а северната Централните сили т. е. Бугарија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Од октомври 1915 до есента на 1918 делот од Македонија, кој бил земен од Србија, Бугарија го прогласила за единствена воено административно управна област т. н. „Македонска воено инспекциска област“.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Според документот се предвидувало сите германски цивили да ја напуштат својата работа и да им се придружат на вооружените сили, а сите способни мажи вработени во неборбените служби можеле да бидат испратени на фронтовска линија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)