фудбалски (прид.) - натпревар (имн.)

Сакав да бидам фудбалер, но не и да бидам фан на некоја фудбалска екипа или да гледам фудбалски натпревари.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тој ден на пространиот кеј, на плоштадот и пред рибарниците имаше повеќе луѓе, зашто попладнето се играше фудбалски натпревар.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На фудбалските натпревари, на кино или на кое било место каде што имаше повеќе луѓе, ако некој се загледаше во неа и ако Богдан не можеше да го засолни тој поглед со телото, излегуваа надвор, напуштаа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Во слободно време ги носеше на кино, на циркус, на капење во базен, во зоолошка градина, на коњски трки, на фудбалски натпревари; и кога шетаа, за едната рака го држеше мајка им, а за другата тие.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
(Следниве белешки немаат временски редослед)
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Изгледа како да влетав во самиот центар на фудбалскиот натпревар после будењето од нагла смрт.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во Европа е три попладне и штотуку започнува фудбалскиот натпревар помеѓу Македонија и Шкотска.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Еднаш по службена должност и уредничка принуда изгледав еден фудбалски натпревар.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Не станува збор за фудбалски натпревар, туку за борба кој прв ќе стигне до мајка ми и татко ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Младичот често остануваше да средуват заедно по рафтовите, ги местеа ќепенците, а веќе не разговараа само за фудбалските натпревари.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Оттогаш секоја вечер се враќаа заедно во своите прашливи собички, разговарајќи за фудбалските натпревари и за многу слични работи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога запролети тие двајца знаеја да го затворат своето дуќанче и во неделните попладниња да заминат на фудбалските натпревари.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога немаше фудбалски натпревари тие знаеја да заскитаат низ полето, што се будеше, и таму, крај реките, каде што си ги переа своите кошули и чорапите, да го имаат пак она чувство.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се прегрнуваа тогаш и се пуфтаа по рамената, како две разбеснети живинки, врескајќи притоа насилно од сите други нивни врескања на фудбалските натпревари.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Чекаше. Во кафеаната, гостилничарот и пет-шест гости, сите мажи, слушаа радио- пренос од некој фудбалски натпревар.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
- Ако сакате, можеме некогаш заедно да отидеме на фудбалски натпревар, но ќе морате гласно да навивате за „Вардар“, инаку ништо не правиме.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Никој веќе не мислеше на фудбалскиот натпревар за што бевме собрани.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Ведане! - викна татко ми, - дојди да гледаме телевизија, има фудбалски натпревар.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Таму нѐ носеа не за да гледаме футбалски натпревари, туку во трчање и играње на зелениот килим од ниско искосена трева да го поминеме половината ден.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сакаш ние двајцата да одиме на стадион - на фудбалски натпревар? Може? Дозборено?“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Да не ти е здодевно три дни без твоите другари?
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Во Улицата на стариот цвеќар во Истанбул сега се стискаат тајни шеп-шеп шепотари и јавни вревачи по фудбалските натпревари - жив доказ дека сегашноста сепак му завидува на минатото, тука, каде што некогаш сетики врвел и Јане Сандански, со очила за сонце и со џепен саат закачен за реверот со сребрено синџирче, а зад него, се разбира, врвеле и тајни агенти кои му ставале сопки на времето кога ќе подзабрзало.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Заедно одеа во кино, на фудбалски натпревари, заедно тренираа и играа ракомет.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)