фудбалски (прид.) - тим (имн.)

Како што со песна се слави раѓањето дете, како што со песна се слави партиска победа, како што со песна се славеше победата над англискиот фудбалски тим, како што со песна се славеше безвизниот режим, така со песна треба да се слави поместувањето на овие кобни минути, заради кои целата судбина на народот тапка во место...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Свадбено патување (Американско - галичка верзија) На излезот од матичарот групна фотографија на два пријателски фудбалски тима и две-три надежни баскетџики кои скокаат за топка.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Имам доволна временска дистанца од одлуките што сум ги носел некогаш, затоа сега без срам можам да кажам: Не навивав за фудбалскиот тим за кој навиваше татко ми од инает.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тато знаеше дека градскиот фудбалски тим „зорле“ не може да остане во елитното друштво на тогашната Втора лига.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во ќошот, под големата врамена слика на некогашниот фудбалски тим од Маказар (сега не постои) ги забележав Жабе и Џорџ, но не им обрнав внимание.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)