холограм (прид.) - фрагмент (имн.)

Проблемот на насловот на овој семинар е во арбитрарноста на оние што проценуваат што е “хендикепирано” а што не е, и поради тоа, свесен за опасноста од влегување во нови нивоа на арбитрирање, се обидов да ја растурам (со дување!) “материјалноста” на “нехендикепираната куќа”, нудејќи умножени холограмски фрагменти на еден текст кој е “децентриран холограмски дом” самиот на себе итн, некаков концепт на руски куклички, ви се нуди, почитувани “ѕидари” во мисија на создавање како постабилен така и послободен свет, што можеби е противречно, а можеби и не е.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)