храбар (прид.) - човек (имн.)

По природа не сум храбар човек, не бев ниту храбро момче, ама филмот храбро го издржав.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- Храбар човек... - рече замислено и повтори: - многу храбар мора да бил зографот, штом имал смелост на светците да им гледа право в очи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мајка знаеше отсекогаш дека Татко е храбар човек.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Како да сум осуден на заминување. – Татко ти, спокојна му душа, беше храбар човек, ги издржа сите налети, остана силен на своето место! – Јас како да ги наследив мајкините гени, морам да ги истрадам нејзините заминувања. Ѝ реков пред некој ден оти ќе заминам преку границата, со жена ми и децата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Беше неписмен, но умен и храбар човек.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но тој сепак беше храбар човек...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Абу Амар не можеше да го направи дефинитивниот исчекор од легендата - прифати Махмуд Дарвиш - кога реалноста беше толку многу видлива, опиплива, можеби решавачка!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)