цел (прид.) - еден (бр.)

Руса, пак, цела една седмина потоа, и дење и ноќе седеш тука, го китеше каменот со цвеќиња, палеше свеќи и го тажеше Јована.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Влегов во собата каде поминав цела една година од мојот живот.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
- Ако „обесуваш”, ќе одиме без тебе, да знаеш – ми свика Ада. – Важи момци?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јас бев неодамна вратена од Лондон, и таму со Ивана цел еден ден, од утро до вечер, поминавме во еден забавен парк полн со најлудите и најстрашните тобогани, возови, лулашки и разни други чуда, што ни во Евродизниленд во Париз ги немаше, па рингишпилот не ми беше никаков предизвик.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Вие минатиот пат се чудевте како во Европската заедница едно писмо може да патува цел еден месец од Неапол до Безансон!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Цел еден век. Уморот, тешкиот пат, гладот и жедта што нѐ следеа со часови додека нѐ носеа во домот завчас исчезна, божем сета наша мака, несреќи ги стопи добрата душа на Големата вода.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Добро, не е битно, кажи им на другите деца да не се фаќаат за железото, - и покажа кон мостот, - Сега го обоивме и уште се лепи, ќе се лепи цел еден ден.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Добро? Се почувствував горда дека некој мене ми дава таква задача.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Џорџ Смит стоеше гледајќи по него. По цела една минута го стори она што единствено можеше да го стори.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тате гледаше цела една минута кон Марс. Потоа наслепо ја испружи раката кон мене.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)