цел (прид.) - го (зам.)

Плачам и само го бацувам, целото го бацувам: во косата, меѓу очите, на обравчињата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ене, завиваат, го најавуваат доаѓањето“, мислеше Бојан, не чувствувајќи како стравот цел го обзема, како му штракаат забите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тоа што го виде на лединката, сред девствениот лаг, му ги поткоси нозете, му го запре здивот во градите, целиот го зашемети...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Некој е вишок тензијата е последица од премногу сакање ниски страсти, совпаѓања а предметот на желбата еден и неделив мистичниот копнеж по неделивоста нѐ поврзува да учествуваме во с-подвижната драма на свеста (coitus interruptus) во одложувањето на кулминацијата секој од нас цел го сака цела ја сака колку повеќе ја одлагаме драмата толку повеќе е тука приклештена габаритно еуфорично распиштолена по меките, лимфни, срамни и кршливи пасажи на твојата, мојата или на неговата психа, навидум силна налик на лунатик хистеричен порив да се биде роден да се осети на свој грб животот сѐ недостатен, сѐ пожелуван сѐ отповеќе, сѐ отпосле сѐ притеснет испустен или пренаселен сѐ загрозен, заплашен, изнемоштен од перипетии, пресврти и стресови од иселеништва, делби и егзили сѐ лишен од разврски создава лажна, мелодраматична слика - нема друг и никој не е сам - - целоста е устрем обичен, а врховен!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Нешто запеа во него, нешто се ширеше, брануваше, целиот го исполнуваше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Целиот го имаше правено и редено Петре Питропот, како и свеќникот спроти пангарот под иконата на свети Никола.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)