цел (прид.) - бригада (имн.)

Играа селаните, играа и партизаните. Во орото беше и Трајче, гордоста на селото, гордоста на целата бригада и знаменосецот на бригадата.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Од сите страни почна, по баталјони и чети, да се постројува целата бригада.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ги замолив да ми дадат ноженце и еден од другарите ми даде, а јас ги исеков врвците на опинците, па ги исфрлив на две страни.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Се приклучивме кон баталјонот што се движеше во колона еден по еден и целата бригада се врати во Бенче.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Решението на целата бригада беше строго и неумоливо: да се отстрани тој пакосник од нивните редови!
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Целата бригада се построи. На чело со знаменосецот Трајче со марш и песна бригадата тргна...
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)