цел (прид.) - вистина (имн.)

Многу јасен ми беше: мајка ми сфатила дека згрешила со мојот прстен, што не го ставила веднаш и ми ја уништила радоста на подарувањето, па ѝ било многу криво и жал, и седнала, го напишала сето тоа. Од збор до збор, цела вистина.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Некои поединости од настаните ги знаеше, од свекрвата, од блиските, ама, сега, тука на чардакот, беше изложена целата вистина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Што има убаво во овој расказ? – си реков откако го прочитав целиот. – Не е убав, тажен е!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Да се знае и да не се знае, да бидеш свесен за целата вистина и да кажуваш внимателно исконструирани лаги, да имаш истовремено две мислења кои меѓусебно се исклучуваат, да знаеш дека се контрадикторни и да веруваш и во двете; да употребуваш логика против логиката; да ја отфрлаш моралноста и истовремено да полагаш право на неа, да веруваш дека демократијата е невозможна и дека Партијата е чувар на демократијата; да заборавиш сѐ што е потребно да се заборави, потоа сето тоа повторно да го вратиш назад во сеќавањето кога е потребно, а потоа брзо повторно да го заборавиш: и над сѐ, да го примениш истиот процес над самиот процес.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
1. Без оглед што ви зборуваат, никогаш не ја зборуваат целата вистина.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)