цел (прид.) - држава (имн.)

Беше повикана и Трудовата инспекција која, по доаѓањето – со Записник бр. 07-3/46, од февруари 2005, констатира дека „штрајкот“ кој беше претходно организиран во знак на револт против сите манипулации при масовните отпуштања од работа, е нелегитимен и дека треба да се прекине!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сепак, и покрај ова, како и покрај издадената директорска наредба за моментален и безусловен престанок на бојкотот, и покрај вршените притисоци по сите можни линии –  работниците издржаа и го продолжија прекинот на работа со целосна блокада на железничкиот (патнички и товарен) сообраќај на територија на целата држава –  бидејќи тие, буквално, се наоѓаа во безизлезна состојба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Нашите тагови својата вера во вечното убиство, и сите ритуални пракси во врска со тоа, „информативно-политички” ги беа разработиле, и имајќи ја, за разлика од индиските, целата држава в раце, праксисот на своите верувања го претворија во една канибалска војна.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
За разлика од индиските, нашите тагови ги симнаа сите маски и целата држава ја земаа под свое (како ајдучко главешинство) и легално го извршуваат своето дело на убивање, барајќи сега од сите државјани спрема божицата Кали, којашто тие ја нарекуваат „Татковина”, да ја извршат својата „света должност” (ритуалното убиство), како што тоа го рече некое денешно министерски рангирано војничиште.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Патем, тоа важи и за терминот „андерграунд” (кој многумина често погрешно го поврзуваат со култот кон дрогата кај нас), кој не постои во вистинска смисла ако го прифатиме мислењето дека целата држава ни е „андерграунд” (колапс на стопанскиот, па и на правниот систем).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Како целата држава, мојата слатка мала Хрватска да се претворила во училишен хор и секој ден послушно вежба хорско пеење. А диригентот е, се знае...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Доволно беше да се посереш јавно на плоштад и да се закачиш на јутјуб па за 2 дена да станеш главен сурат у цела држава.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
До ваква идеја сигурно не дошол ниеден друг механичар во целата држава Онтарио.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Но, добив и изрази на силна поддршка – кои сакам да ги истакнам тука, и тоа со длабока благодарност – од Фондацијата триаголник, која е организација за човекови права и за застапување на ЛГБТ што дејствува на ниво на целата држава Мичиген и од нејзиниот директор, Џефри Монтгомери; од студенти, од колеги и од вработени во управата; од многумина дотогаш непознати добронамерници, и геј и стрејт, од Универзитетот на Мичиген, од градот Ен Арбор, од државата Мичиген и од целиот свет. ‌Во меѓувреме, контактните емисии на радио, националниот и меѓународниот печат ги заплисна порој од џагор.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сте направиле, значи, премногу и премалку; патот треба да се продолжи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Најпрво ги фрлате поетите пред поротниците; но, поротниците им простуваат и она што било мислење на осамениот човек станува мислење на целата држава.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Авторите ги предавате на судиите: но, мораат овие пред да осудат, да слушнат; она што од страв не било исповедано во книгата, неказнето е изречено во одбраната; она што било нејасно кажано во некој спис, така се повторува во илјада други.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)