цел (прид.) - маса (имн.)

Да, околу машината, по целата маса, куп книги. Лево и десно, пак книги.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А ние, другарите од нејзиното довчерашно работно опкружување, уредно поканети, наполнивме една цела маса, заедно со едно американско семејство, кое, замислете, веќе со години живее и работи во нашата земја, со 4 деца, од кои 3 беа присутни, па и ората наши ги знаат, па нема-нема, оп на оро.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Овде-онде се издигнаа некои личности, кои што благодарејќи на лихварството и на спахилакот, единствени доходни занимања, станале големи богаташи, а близу до нив, цела маса население со најголеми маки и труд одвај може да најде ’ржан леб за да го смири гладот 4.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тогаш се одлеа целата маса народ, како да истече со водата надолу низ долината.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И повеќе портокали, од оние, знаеш, кисели, но црвени: тоа веднаш ја осветлува некако целата маса.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ване мораше да ја изоди целата кујна и да ја заобиколи целата маса за да ѝ застане пред очи со торбата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Од другата страна на мајка му, седеше напрчено едно човече, исправено на столот за да биде рамно на поднаведнатите и оклапушени родители на Ване, ама распретано со кусите раце по целата маса.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Еве, братучедо, - ѝ се обраќаше тој на мајка му, а тоа се однесуваше на целата маса, па и на целата кујна.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Се рушам под лудите бакнежи, лижењата, потресите... лицето ми е компот...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тоа е таа целата маса што ми се урива врз градите... лепливо е... лицето ми е згмечено... се гушам... се бунам... молам...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тоа е лавина од нежности...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
А не е културно да избега во тоалет да си ги измие забите, а нејзе да ѝ даде чаша вода. Апсолутно не.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Леле! - третата стоеше пред трпезариската маса и со средниот прст поминуваше по целата површина, - целата маса блешти!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)