цел (прид.) - операција (имн.)

Хрисостом го бодреше дека во зафатот ја имаат поткрепата на сите Закинтјани, иако понекогаш ни самиот не беше сосем уверен во тоа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тоа фалбено прашање не се осмелуваше да го постави пред надлежните, иако, помислуваше, не би било лошо тоа и да го стори откако целата операција ќе биде сосем завршена.  Затворениците на монополот тука останаа десет дена, во кои Константин З. не почиваше на ловориките од комплиментите за успешно завршената акција, туку се грижеше во тој дух да се приведе кон крајот деликатниот зафат за кој всушност и беше испратен тука.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Не морам да подвлекувам дека целата операција мора да биде спроведена со брзина и крајно строго доверливо.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Да бидам попрецизен, бев во процес на запечатување на целата операција, заборавајќи дека сум заборавил.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
По завршувањето на целата операција камионите на брзина го напуштија Швиноујшче.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Министерството требаше не само да ги задоволува многукратните потреби на Партијата, туку да ја повторува целата операција и на еден понизок степен, за потребите на пролетеријатот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Постоеше можност некој да ги открие засолнатите и само еден таков случај можеше да ја уништи целата операција.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)