цел (прид.) - општество (имн.)

Денес веќе секој човек поодделно смета дека преку неговата личност се навредува целото општество.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Загрозеноста на животот на целото општество дојде до онаа граница кога е неопходно, НУЖНО, да се разбуди јавниот граѓански морал, сите разумни без скрупули да истапат, секој од она место каде што се затекнал, сите заспани и застрашени морални императиви одлучно да се разбудат во секој оној што себе си се смета за морално суштество, коешто мора да го дигне својот глас против изолацијата и војната, за мир и соработка со светот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Се разбира, себеси на прво место, а потоа и на тие што се околу нас, што живеат со нас, а на крајот на целото општество.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Тоа право е недискутабилно за професорот, како што е недискутабилно и за неговите студенти, односно за сите други, само во онаа мера во која за целото општество вреди како саморазбирливо дека осознавањето, човечкото знаење, дури културата како таква, е нешто по својата природа достапно само до елитите, значи нешто што во есенцијална смисла е одвоено не само од општеството туку во крајна линија и од политиката. 40 okno.mk
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)