цел (прид.) - приказна (имн.)

Датумот се беше задржал во сеќавањето на Винстон затоа што тој ден случајно беше Иванден; но целата приказна мора да е забележана и на безброј други места.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Откаде пак делфин? - Ќе видиш. Тој е клучот за целата приказна.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Содржината на ова Монтиево писмо мошне ме „загреа” за целата приказна.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Најопасно во целата приказна е што јас го познавав девојчето.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Очигледно сум сметал дека мора да ја покријам целата приказна со дождливи сцени и референции на “The Waste Land” и “A Farewell to Arms”.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Овој начин на работа со еден единствен објект Хичкок го донесе до совршенство во Прозорец во дворот (1954), мајсторски работен, возбудлив и духовит трилер за опасностите што ги носи ѕиркањето во туѓите станови; целата приказна е раскажана од страна на човек кој заради скршената нога е врзан за столица на тркала.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
И во овој филм еден лик не беше реален - ликот на Џејн Вајман требаше да го игра девојка со бубуличаво лице.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Овој пат се понижи поради љубов, и тоа во целата приказна беше главно.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Сакам вашето лице да го има само она што сакаме да ѝ го соопштиме на публиката - она што го мислите”.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тогаш можеби целата приказна ќе изгледа забавно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Негувателката ја знае целата приказна и многу ѝ е жал за бабата, па, божем чита, ѝ вели: „Сме утнале, баба Надежда, за утре била средбата“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Веројатно, тој по телефон целата приказна ја раскажува повторно.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Гејството не е како етничноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто претставува предизвик за моќта на едно чувство со кое, знае, никако не може да се рамни.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто машката геј-култура, како што видовме, навистина ја покажува упорната неминливост што ја поврзуваме со јазично заснованите култури.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во исто време, кампот не е целата приказна.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
“375 Но, ниту тоа не е баш целата приказна.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кампот е потсетник за извештаченоста на емоцијата, за автентичноста како изведба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Немаме заеднички јазик, раса и вера.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој провалува во самодоволниот свет на страсната желба и ја прекинува нејзината неиронична восредиштеност кон едното – нејзиното систематско исклучување на спротивставените вредности, нејзината несвесност за нејзиниот поширок општествен контекст, нејзината опсесивна сосредоточеност на посакуваното и нејзиното одбивање на спротивните гледишта.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Господи, си помислува Пелагија, колку малку лафа, а цела приказна!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Но посебно жално во целава приказна е дека Крлежа е промовиран во Туѓманов советник во моментот кога веќе речиси на сите им е јасно дека Претседателот воопшто нема потреба за интелектуални совети бидејќи тој самиот себе си е доволен интелектуалец, уште повеќе, дека тој и не е ништо друго туку типичен хрватски интелектуалец, значи сега кога е јасно дека нашиот Претседател сето ова време воопшто и не се занимавал со политика, туку само го довршувал својот историчарски opus magnum со делото за настанокот на хрватска држава во дваесетиот век, потопувајќи го овојпат перото во крвта и солзите на сопствениот бескрајно обожуван народ.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Целата приказна на играта како во бајка, знае да кулминира со СОВРШЕНОСТ...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Но со пилињата цели приказни распредува, како да разговара со малечки деца.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Да слушнеш само како ги довикува! Со каков глас, со кои умилни зборови!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но за да се раскаже целата приказна за единствената Мајкина книга во Татковата библиотека, покрај светите, мора првин да се раскаже како првата книга, од 1939 годи­на, беше заменета со изданието од 1949 година.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)