цел (прид.) - тело (имн.)

На челото е умот (Отецот), значи, со здрав разум, во срцето е црквата, домот на Синот, значи со здраво, чисто срце, десното рамо е силата (Светиот Дух), значи, со цврсти раменици, тој да ни ги крепи рамениците, да бидеме исправени, зашто рамениците ни го крепат целото тело, и на левото рамо кажуваш Амин, нека биде така!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Женската е посветло сива и со должина на целото тело стегната е до ѕидот, а машката, потемно сива, ѝ се качила одзади, оваа, одоважната нога, убаво ѝ ја потставила во ципата од колкот, ама не може да ѝ ја префрли другата десната.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ми кажаа дека прво му го одзела здивот, му нанела неподносливо ужасни главоболки, вкочанетост на екстремитетите, симптоми на грчење и дијареа, нагли промени на температурата, треска, студена пот низ целото тело и на крајот, ужасни црвени мозолчиња.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Навистина малку го релаксираат додека плива и додека неговото стежнато тело лебди над плочите од дното на базенот, додека тромаво се лизга над имињата, судбините и сенките на покојниците, обидувајќи се да не гледа во нивните симболи, во знаците неизбришливо издлабени врз стариот мермер на дното, што како за инает, водата ги мие, ги увеличува како под лупа, ги прави појасни и поблиски, скоро тутнувајќи му ги пред стегнатите очи и чело на покајаниот делегат на Комесаријатот за еврејски прашања, кој пливајќи се обидува да ја намали напнатоста што ја чувствува низ целото тело и да го одложи надоаѓањето на нервниот слом.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Можеби ниедно живинче не ја преживеало оваа стравотна ноќ?“ - размислуваше момченцето, кревајќи се на мускулите од рацете, така што со устата ја бакнуваше напати студената, исчадена греда, па бавно се спушташе, нишкајќи се притоа со целото тело.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Петар се исправи, ја загледа и ја посака со целото тело.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Имено, таму кај што се вливаше Алинска Река во Бучинско Блато, нешто подолу од утоката, кај врбите на Свето Враче, во најдлабокото, веруваа дека се сокрива некаков ѕвер, за кој кажуваа дека има мали куси и дебели нозе, кој е мрк, то ест по целото тело обраснат со сива мов, жителите на Потковицата и жителите на сите околни села го викаа Кобникот или само Бучалото.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се јавуваше само пред да започне војна и само додека траеше војната, па според неговото бучење, то ест јачење, луѓето претскажуваа колку долго ќе трае војната и колку крвава ќе биде.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Лазор, зашто беше таков, гол и премачкан со шарлаган, нешто што беше и срамно понижувачко, со наведната глава, а Исо, за цела глава понизок од Лазора, но многу поплеќест и подебел, речиси гргулест, ги креваше рацете над глава, плескаше со нив, се вртеше во круг и извикуваше борбено.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од половина нагоре голи, по целото тело, и преку гајќите, до стопалата на нозете премачкани со шарлаган, борачите тргнаа од Ат Пазар.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Анестезијата од вчера ја снема и тој сега лежеше на креветот чувствувајќи болка низ целото тело и во душата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Вискито му мина низ целото тело како пламен и му ја разгоре желбата за одмазда.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ја бакнував диво по вратот, ја гризев; таа молеше да престанам, да не ја повредувам; ѝ ја зграпчив кошулата и ја повлеков; сите копчиња се разлетаа во темнината и потем, во наредните два-три мига го слушав продолжениот звук на нивното удирање на кејот, како ситен дожд од ориз; на слабата ноќна светлина блеснаа нејзините млади гради, како кај кучка; почнав да ја гризам по целото тело, и одеднаш се најдов со устата врз нејзиниот папок; таа ме удираше со тупаници по главата, велеше дека сѐ е готово после ова, дека сум уништил сѐ, дека сум свиња, дека ќе ме пријави, задолжително ќе ме пријави, дека ќе ме убие, дека Партијата ќе ме убие кога ќе им соопшти, но мене веќе за ништо не ми беше грижа, и јас само го бакнував нејзиниот папок, таа рајска чаша со небесен нектар, тој центар на вселената и почнав да тонам длабоко, да пропаѓам во непознати длабочини;
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Што правиш тоа?“, ме праша, очигледно изненадена од таа игра, од таа неочекувана и за неа непозната нежност после гризењето по целото тело; „Го барам папокот на вселената“, реков; и кога продолжив со таа игра со папокот, таа се смири; престана да ме удира, рацете ѝ тргнаа кон моето лице, ме повлече кон своето лице, кон устата, и веќе следниот миг, според начинот на којшто ме прими и се отвори јас знаев (тоа движење ми беше сосема непознато, како на маж кој не преспал со жена): тоа не беше онаа Луција што доскокна од вратилото во мојата прегратка.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
По целото тело му струеше чудесна свежест.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Навидум, имаа прво: широките стапала со кои самоуверено го грабаше потчинетиот простор, премногу здравата, волчја отпорност на блескавата насмевка, малите, цврсти гради што во четвртата деценија ѝ стоеја исправени како штотуку распупена девојка, таа мускулеста едрост на целото тело кое на нејзините платна со паганска надмоќ лебдееше над урнатините на згаснатите светилишта, пламените кадрици со по некое седаво влакно, што се извиваа околу лицето како змиолики фалуси – имаше невообичајан „машка“ сила за една пост-симболистичка сликарка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Профим сето време мавташе со рацете, со целото тело и ја прекинуваше Царјанка викајќи: „Доста! Доста!“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Чувствувам болка по целото тело, но најмногу во десната нога.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Нивната бела, мека игра во прозорецот се менуваше со една чудна волшебност пред Змејковиот поглед; таа беше исто онака скокотлива и прекрасна, како кога беше помлад и кога неговиот малечок син Јовко, уште додека не беше заоден, ќе го допреше со своите малечки прстиња по лицето и ќе земеше да ги префаќа неговите усни, носот, а тој од тоа не се смееше на глас, она беше многу посилно од смеата, му се разлеваше по целото тело, по сета негова кожа и по секое делче од неговата внатрешност, како некоја чудна миризлива растрепереност, престорувајќи го целиот во една единствена черешнова гранка, преполна со бели меки цутови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега стоеше на прозорецот и го сеќаваше со целото тело блиското живинче во неговите нозе како стои со исправена глава и исто како него загледано во прозорецот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мислеше, приближувајќи се до стеблото, на своите раце, мислеше на својот чекор, продолжуваше да сеќава некаква неизбежна радост, некаква неизбежна тишина, што му го опфаќаше целото тело, а за сето време загледан само во тоа масивно стебло, целото извиено, вивнато нагоре и смирено под беличестозеленикавите висулки бради, со кои што беше обрастено по корубата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се проѕеваше, а по целото тело му мина еден бран млака сонливост.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И боцкањето се разнесува по целото тело и во зглобовите нешто почнува да трга и да кине.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се галиш по целото тело и трансот на душата го обзема олтарот на твојот Бог.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Една игла се зари во надлактицата на Винстон. Речиси во истиот момент блажена, лековита топлина му се разли низ целото тело.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Стрелката на бројчаникот скокна на педесет и пет. Пот го облеа целото тело на Винстон.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Винстон го облеа врела пот по целото тело.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Винстон го гледаше право в очи. Чувството на соголеност, со рацете кренати над главата и со целото тело изложено, беше речиси неподносливо.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се сеќаваше на еден намуртен бербер кој доаѓаше да му ја изгребе брадата од образите и да му ја потсече косата, и на деловните нечувствителни луѓе во бели мантили кои му го опипуваа пулсот, му ги испробуваа рефлексите, му ги превртуваа очните капаци, го пребаруваа со груби прсти по целото тело барајќи скршени коски и му забиваа игли во раката за да спие.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ужасно контрадикторни чувства ѝ го раскинуваа целото тело. Ја жежеа во мозокот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Доста ја облеа мило чувство низ целото тело и просто извикна: — Неда!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Некакви трпки му минеa низ целото тело и тој пред неа ги ведеше очите, или пак ја завртуваше главата кон дедовците и нешто сакаше да проговори.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И уште кога учителот Милан Ацев кажа дека попчето што ќе излезе на сцената не е никој друг ами попов Крсте, неа мравки ја полазија по целото тело.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не чувствуваше ни радост туку некоја тага со желба да седи мирно во неа, по можност вечно, да ја исцеди тагата во којашто му беше потопено целото тело.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Морници од страв му го облеаја целото тело.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Мајка ѝ ја скршила ногата во Франција, се лизнала на снегот пред куќата, а секогаш носела високи потпетици затоа што така била навикната и кога носела нормални ниски чевли ја болело целото тело.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Си плачам над него, цело тело ми плаче од радост.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Рече дека Хироши е чудак, тип кој разбива парадигми, извртува цели полиња на науката, носи насилно преиспитување цело тело на знаењето.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Целото тело ме дразни, криејќи се од тие сликички. U-S-A + U-S-S-R, Јупитер и Марс, Навистина Љубов - Си Ти. 64 Margina #3 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Истиот миг силен бран му го преплави целото тело, ежавејќи му ја кожата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)