цел (прид.) - фамилија (имн.)

Не ми беше за мене, ми падна морничаво како успеа целата фамилија да ми ја заплетка во неговата сочна каша.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Баш кога се одржуваше една важна манифестација, која татко ми секоја година ја организираше. Се собравме целата фамилија.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Да бев јас за добро не ќе бев момок со целата фамилија.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ама што ќе правиш, тој сега стопан, јас, како што знаеше, со цела фамилија момок кај него. - И пандур, - рече Коте.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ќе се натокмеше топтан цела фамилија за да ги сподели секирациите на овие богати Американци.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Ако мислиме на иднината наша заедничка, твојо брак со тој човек ќе биди многу поволен за целата фамилија.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Плус, пред некое време се откри дека правела некои работи во тајност, позади грб на целата фамилија.“ и повторно го погледна значајно Петар.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Доколку не постои основ за соживот, ти преостанува само да викнеш специјална екипа (слична на Гоуст Бастерс) која има за задача на мирољубив и достоинствен начин да ја спакува целата фамилија, да ги замоли да влезат во еден голем кафез и да ги однесе на стотина километри на север.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Последен пат го видов на свадбата на Јане Скендеров кога на мајка ми ѝ објаснуваше дека само јас од цела фамилја знам правилно да ја држам чашата за вино, исто како и тој.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Таа беше голема домаќинка, ние подоцна се намноживме, преку дваесет души. Целата фамилија таа ја водеше.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)