цел (прид.) - горен (прид.)

Како што често пареата во зимскиот воз допира само до првиот вагон, така и оној волев флуид на нашиот предводник го опфаќа само првиот скаут зад него, Грнецот, кој има навик да ја ниша во одот целата горна половина на телото како да колва зрна со долгиот шилест нос.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Знам само дека потоа светлината се прели, баш така, се прели како вода низ мојата работна маса што се наоѓа веднаш до прозорецот и дека врз целата горна површина на масата се распосла мек, шарен, светликав и многу тенок килим.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)