цел (прид.) - модерен (прид.)

Радикалното читање на Борхес/Дерида, сигурен сум, би покажало дека сме дојдени до таков раскин, иако Дерида не е наклонет да прифати “пресудни раскини”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Целата модерна историја на концептот на субјект се потпира врз Декарт и неговиот дуализам.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Декартовата механизација на телото овозможи настанување на биомедикално знаење за телото коешто денес е доминантен дискурс за телото.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Иронијата е можна кога е постулирано присуството на некој авторитативен систем на знакови кој ја носи вистината; модерната текстуалност настанува од ирониското оддалечување од тој извор, но ако не постои магнетно поле кое би ни укажало на насоката во текстот, фрагментите слободно летаат не чувствувајќи дека се раздвоени, ниту чувствуваат носталгија по знаење која е присутна низ целата модерна традиција.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)