цел (прид.) - мој (прид.)

Целото мое суштество се свиваше од таа измама, јас ковев страшна одмазда, но знаев дека таа ќе остане само во мене. Бев слаб.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Врзувајќи го сето тоа за мојата желба за играње со статистиката и со листите на работите, ете тоа би била заднината на целата моја филмска работа.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Само во тој еден единствен момент во целиот мој живот, јас поседував вистински конкретен доказ после настанот... години по него.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Освен тоа таму, во тој телефон, се наоѓаше целата моја охридска историја.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Во тој момент целата моја ситуација ми се виде многу смешна.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тие негови зборови уште толку ме дотолчија и мислам дека целиот мој беден живот ќе ги паметам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Издишувам. Зборувањето станува неразбирливо.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Како хероинот полека навлегува во моите бели дробови, така топол бран го исполнува целото мое тело.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Црвенеам заради тој тон од кој одѕвонува целата моја земја, мојата Атлантида.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сега мене во овој мој посмртен живот можеби ми претстои да гледам токму еден таков филм сниман и премонтиран од сликичките на целиот мој животен живот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ваквиот невообичаен дизајн не му промакна на мојот класен раководител Драган -по- математика, страв и трепет за целата моја генерација од центарот за насочено образование „Јосип Броз Тито“ во Скопје.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Текстот на овој пруски патописец го знаев од порано, но сега целата моја ситуација беше поинаква, така што, имав потреба пак да го прочитам. Го читав со трепет.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Така беше и со еден настан на кој јас, кога се случи, не му го посветив должното внимание, а кој подоцна битно влијаеше на целиот мој живот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
ЉУБА: Кога денес тој дотрча со фалшив изглед на верно куче и ми раскажа, пред очите ми пламна буквално сѐ, целиот мој живот, и, како хартија, изгоре.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Па како допрва би си го нашол својот татко, кога целиов мој досегашен живот докажува дека немам таков?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но, ќе мора да се случи и наредниот, завршен настан, со кој сите разговори и целото мое размислување ќе станат беспредметни во однос на црните луѓе.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Со истата брзина раката ќе ми избегаше пред оган; чија и да е смрт или повреда на истиот начин ќе ми ја одземеа силата; а имаше многу причини да се замрзнам, бидејќи, на пример, 118 okno.mk чувствував дека мојата сопствена смртоносна болест се придвижува; но ништо од тоа не можеше да ја предизвика одвратноста до којашто доведе тоа нејасно препознавање, а тоа е реакција на целата моја природа која го премавна моето разбирање и ме наведе да отстапам како пајак.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Јас не сум таа шовинистичка свиња и во тоа е речиси целата моја оригиналност.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
- Не бегам, велам јас, идам да ви кажам дека целиот мој вод загина. Бре! ...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Последните заби еден на друг си ги скршија!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ете ја целата моја литературна дејност.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)